Хидро енерго инженеринг ДОО Скопје е компанија во приватна сопственост основана 2008 година првенствено со цел да нуди комплетни технички решенија во градежништвото со специјализираност во процесот на изработка на проектно техничка документација од областа на:
- Управување и планирање на водните ресурси
- Брани и хидротехнички објекти
- Хидроенергетски системи
- Водоводни и канализациони системи
- Системи за наводнување и одводнување
- Системи за заштита од поплави и Уредување на водотеци
- Хидроинформатика
- Специјализирани инженерски услуги
- Животна средина
- Геотехничко инженерство
- Останати услуги
Во функција на остварување на нашите цели, постојано следиме и применуваме најнови технологии за исполнување на светски стандарди. Нашиот тим од вработени се состои од дипломирани градежни инженери, дипломирани електро инженери и дипломирани машински инженери кои со својата стручност и професионалност одговараат на потребите на клиентите.